Dilkom

Authorised partner for ALUP, TAMSAN and ABAC in Macedonia

A new generation of screw compressors and compressor stations now available from Dil Kom

Компресорска станица изведена од Дил Ком
Компресорска станица изведена од Дил Ком.

Во Дил Ком веќе повеќе од две децении работиме со компримиран воздух, од производство и обработка до дистрибуција и употреба. Во моментов нудиме: завојни компресори, компресорски станици по мерка и сервис прилагоден на потребите на индустријата.

Компресорски станици по мерка

Составуваме комплетни компресорски станици: завоен компресор, сушач за компримиран воздух, филтри и резервоари за воздух. Опсегот е широк, па секој клиент добива решение токму за својата примена:

  • Електромотори од 0,75 до 315 kW
  • Капацитет од 0,22 m³/min (220 l/min) до 56,0 m³/min (56.000 l/min)
  • Работен притисок од 8 до 40 bar
  • Модели со регулација на брзината (инвертор) за помала потрошувачка на струја
АЛУП Allegro завоен компресор
АЛУП Allegro, завоен компресор со регулација на брзината.

Сервис и оригинални резервни делови

Сервисираме клипни и завојни компресори со оригинални резервни делови што ги држиме на залиха, од производители како АЛУП, АБАК и ТАМСАН, заедно со пневматски елементи. Редовното одржување го продолжува векот на опремата и ја држи ефикасноста на највисоко ниво.

Поддршка 24/7/365

Застој во производството значи трошок. Затоа сме достапни 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината. Тоа е дополнителна сигурност дека опремата нема да ве остави на цедило.

Контактирајте нè

За понуда или совет за вашата примена, јавете се на 071 323 313 или пишете ни на contact@dilkom.mk. Тимот на Дил Ком е тука да ви помогне да го изберете најдоброто решение за компримиран воздух.

Message us on WhatsApp
Viber