Завојни, мобилни и силобас компресори со сопствена IPM технологија.
Турски производител со над 45 години традиција и сопствена IPM технологија.
Тамсан е првиот турски производител на компресори со мотори на перманентни магнети (IPM). Понудата опфаќа компактни завојни компресори, Servo и двостепени Dual Servo VSD модели, како и мобилни дизел и силобас решенија.


Двостепена компресија со двоен IPM мотор и двоен инвертер. Најголема заштеда, до 50% помала сметка за струја.

IPM мотор со фреквентен регулатор. Се прилагодува на потребата за воздух, до 35% помала потрошувачка.

Servo VSD со вграден резервоар и сушач. Комплетно решение на едно место, брза инсталација.

Директен погон без ремен. Максимален пренос на моќност, стабилна и тивка работа.

Ременски погон, издржлив и економичен. Докажан избор за постојана работа.

Компактно решение со вграден резервоар и сушач. Брза инсталација и ниска цена.

Преносни дизел завојни компресори за градилишта и терен, таму каде нема струја. Со дизел мотор Perkins.

Клипни компресори за транспорт на цемент и прашкаст материјал во силоси. Работат на низок притисок со висок проток на воздух.
Servo и Dual Servo моделите ја прилагодуваат брзината на реалната потреба и не трошат струја кога нема потреба од воздух. Кај повеќето фирми струјата е најголемиот трошок во работниот век на компресорот.
Не сте сигурни кој модел да изберете? Контактирајте нè за стручен совет.