ДИЛ КОМ сервисниот центар е подготвен да одговори на сите барање на корисниците за задоволување на потребното ниво на поддршка за заштита на нивниот бизнис како највисок приоритет. Флексибилноста и прилагодувањето на сервисната поддршка според барањата на корисниците овозможуваат избор на сервисни услуги и поддршка која е најсоодветна на нивните потреби. Можноста за поддршка 24x7x365 се дополнителна сигурност и гарант за квалитетот и прецизноста на услугите за корисниците на ДИЛ КОМ сервисниот центар.
Сервисниот тим на ДИЛ КОМ е високо технички обучен и подготвен за решавање и на најсложените проблеми. Тимот го сочинуваат сертифицирани инженери и техничари за широката гама на продукти од познатите светски вендори како: TAMSAN, TRUDBENIKDOBOJ и др.
Големото “Hands–on” практично искуство, контиунираната едукација, тимската работа при решавање на комплексни проблеми со вклучување на различни нивоа на поддршка се факти кои придонесуваат корисниците во ДИЛ КОМ да препознаат стабилен и сигурен партнер способен да се справи и со најкомлексните проблеми.
Сервисниот центар на ДИЛ КОМ располага со планирана залиха на резервни делови и опрема кои овозможуваат брзо решавање на критичните проблеми што е особено битно за корисниците со повисоко ниво на договори за одржување.
Капацитетите, можностите и експертизата на сервисниот центар го прават ДИЛ КОМ препознатлив како компанија со капацитети за одржување на компресори со поголем обем и комплексност. Kako резултат за бројните акредитации и сетификати со кои располага тимот на ДИЛ КОМ, компанијата има изградено партнерски односи и добиено сервисни авторизации од повеќе водечките светски брендови.